Литванскиот амбасадор Јушка: Македонија не е приоритет на литванското претседателство со Европската Унија

 

Литванскиот амбасадор задолжен за Македонија, Ренатас Јушка, вчера истакна дека Македонија не е приоритет на литванското претседателство со Европската Унија, и дека земјата не постигнала никаков напредок, пренесе Курир.

Претседавачот со Советот за општи работи на Европската унија и министер за надворешни работи, Линас Линкевичиус, со изјава од Брисел го демантира амбасадорот на оваа земја задолжен за Македонија, Ренатас Јушка. Тој истакнува дека Литванија и нејзините претставници би биле пресреќни ако Македонија почне преговори со ЕУ.

- Само што имавме состанок на Советот за стабилизација и асоцијација и можам да кажам дека имавме многу добар и важен состанок и со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Имав можност претходно да разговарам и со премиерот Груевски, со кого имав многу плодотворна и отворена дискусија. Ќе повторам дека ние размислуваме на процесот на проширување како дел од приоритетите на Литванското претседателство со Европската унија, потенцираше вчера Линкевичиус.

Инаку, Македонија со години добива позитивна оцена за спроведените реформи и за напредокот во сите области.

ФОТО: 24вести

 

најчитано сега