Од ласерите на концертот на Бијонсе ослепе словачки пратеник
Ласерските ефекти кои што беа пуштени во употреба на концертот на Бијонсе во Братислава, го ослепиле словачкиот пратеник Мирослав Беблави. Тој вели дека имал сериозно оштетување на рожниците на двете очи и дека три дена бил сосема беспомошен. Сепак благодарение на лекарските потфати, сега полека се враќа во нормала и може сосема нормално да оди на работа. Тој по концертот во петокот, имал страшни главоболи и речиси воопшто неможел да гледа. Според препораката на лекарите сега мора да носи диоптерски очила, а за надвор темни очила за сонце.
ФОТО: Плус инфо