Гевгелија: Социјално загрозените ќе добиваат субвенции за комунални трошоци

Гевгелија ќе субвенционира по 500 денари месечно за потрошена вода до 20 метри кубни, за отпадни води и за погребни услуги на 150 социјално загрозени лица.

Добиениот грант од првата фаза овозможи во Гевгелија да почне замената на старите со нови дигитални водомери која се уште трае. Поради етапната замена советниците на последната седница мораа да ја одложат примената на одлуката за цената на водата која ќе биде во мирување се до конечната замена на сите 4.000 водомери во општината. Тогаш водокорисниците ќе бидат во рамноправна положба и за сите нив истовремено ќе може потрошената вода да се пресметува по цена од 13,9 денари за кубен метар и двојно поголема цена доколку се надмине лимитот од пет кубни метри вода по член на семејство.

ФОТО: Денешен

најчитано сега