Кралицата ќе пресече за името на идниот престолонаследник на Британија

Синот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам е трет во линијата за наследување на круната, а како престолонаследник не може да носи какво било име, па изборот на Вилијам и Кејт е доста кус. Иако нема многу имиња од кои може да се избира, сигурно на двојката нема да им биде лесно со оглед на фактот што со истото име ќе мора да се согласат и кралицата но и принцот од Велс. Кралицата веќе стави вето на предлогот на принцот Едвард да детето го носи името Теодор затоа што тоа име не е традиционално. Принцот од Велс пак смета дека најпогодно име за кралското бебе би било Џорџ.

 

 

 

најчитано сега