Дечиња од Македонија во летни кампови во Грција

Во рамките на соработката меѓу здруженијата и асоцијациите за пријателство меѓу Грција и Македонија, седумнаесет дечиња од земјава кои покажале интерес за грчкиот јазик и култура престојуваат во летните кампови во близина на Кавала, пренесоа грчките медиуми.

Се работи за дечиња претежно од Пехчево и Штип, кои се дел од програмата за гостопримство на деца и до 31 јули ќе престојуваат во летни кампови во близина на Кавала.

На ваков начин се охрабрува комуникацијата и воспоставувањето пријателски односи меѓу децата од Македонија и нивните врсници од Грција.