Кацин: Извинувањето на Николиќ e порака во вистинско време
Според известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин, извинувањето на српскиот претседател Томислав Николиќ за злосторствата кои беа направени врз Бошњаците е одлична важна и државна порака, која што во БиХ наиде на големо внимание и проучување
Извинувањето на српскиот претседател Томислав Николиќ за злосторствата, кои врз Бошњаците ги извршиле поединци во име на Србија, претставува голема и важна државна порака оцени известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин.
“Не е доволно нешто да се каже еднаш, треба да се види какви ќе бидат натамошните чекори и што ќе биде кажано во некоја друга прилика“, вели Кацин.
Николиќ извинувањето го пренесол во интервју за босанската телевизија БХТ. Николиќ потенцираше дека најпрво тоа мора да се докаже, но додаде дека „клекнува на колена и бара помилување за Србија поради тоа злосторство“.
ФОТО: Сител