729 нудисти срушија светски рекорд во капење

 

Урнат е светскиот рекорд на голи капачи на едно место во познатата нудистичка плажа во градов Вера во Шпанија. Новиот Гинесов рекорд беше срушен откако во исто време се капеа 729 нудисти. Досега ваквиот гинесов рекорд го држеа 413 нудисти кои во 2011 година се капеа во Велс. Во Нов Зеламд минатата година се собраа во Нов Зеланд 506 но истиот не беше регистриран како рекорд поради поделбата на две плажи. 

Градоначалникот на Вера, Хозе Кармело Хорхе изјави дека е задоволен со одѕивот и дека ова масовно „голо капење“ било „фантастично успешно“.

Парите собрани за време на ова случување ќе биде дониран во добротворни цели.

најчитано сега