Девет нови бензински ќе никнат долж Коридорот 10

Македонското министерство за транспорт и врски во соработка со поголем број институции објави оглас за девет локации за изградба на бензински пумпи долж Кородорот 10.

Се работи за локации во Велес, Свети Николе и Штип, како и по една во  Градско, Росоман и Демир Капија.

- Се работи за  поголеми површини, коишто покрај изградба на бензински пумпи треба да опфатат изградба и на други објекти, а со цел изградба на повеќе локации за одмор и застанување на патниците коишто патуваат долж овој Коридор, изјави министерот Миле Јанакиески.

Објавата ќе важи до 27 идниот месец.

ФОТО: Много