Скандалозна изјава на француски политичар: Хитлер не убил доволно Роми!
Францускиот политичар и заменик градоначалник на Шоле, Жил Бурдулекс, даде коментар кој ја шокираше целата светска јавност.
Бурдулекс бил во посета на нелегален ромски камп во Шоле, и побарал од Ромите да се преселат, при што тие го поздравиле со поздравот на Хитлер, а тој изнервиран од ова изјавил: Значи , Хитлер не убил доволно!
- Ме споредивте со Хитлер, мислите ли дека тоа е убаво?, е коментарот на политичарот за скандалозната изјава.
Потоа францускиот политичар ги обвинил Ромите за инцест велејќи: Пред некој ден ме обвинија дека сум педофил, а половина од нивните деца им се од татковците и дедовците!
Инаку, политичарот најавил тужба за новинарот кој го снимил сето ова и го пуштил во јавноста.
ФОТО: Нетпрес