Босанец измамил мобилни оператори во Македонија

 

Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против Босанец кој измамил неколку мобилни оператори во Македонија.

Се работи за 61-годишниот државјанин на Босна и Херцеговина,  З.П. управител на ДООЕЛ „Белисимо 2008“ Прилеп  кој со намера да се стекне со противправна имотна корист, преку неговата фирма аплицирал за добивање на телефонски апарати во мобилните оператори „ОНЕ“ АД Скопје и „Т Мобиле“ АД Скопје, прикажувајќи дека неговата фирма е активна и со позитивна финансиска состојба, иако знаел дека фирмата не започнала со никаква деловна активност, по што склучил договори со наведените оператори за користење на претплатнички броеви за мобилни телефони и фиксна линија, како и за добивање на мобилни апарати, во вкупен износ од 276.939 денари, без притоа да отпочне со плаќање на истите.

 

најчитано сега