Британскиот принц личи на Кејт Мидлтон
Кралското бебе кое што деновиве пристигна на свет во болницата „Сент Мери“ личи на неговата мајка принцезата Кејт Мидлотн, гордо истакна неговиот татко Принцот Вилијам. Принцот истакна дека се уште не се решени за името на бебето, но истакна дека неговиот син има многу повеќе коса од него.
Голем број на новинари и љубопитни граѓани со денови чекаа пред болницата за да го фотографираат новиот британски престолонаследник.
Лондон вчера беше во знакот на раѓањето на новиот принц. Топовите пукаа во близина на Бакингемската палата, оддекнуваа ѕвоната на Вестиминстерската опатија, а се слушаше и песната Congratulation.