Хомосексуалците излегоа на улиците низ Будва - прва геј-парада во Црна Гора

Денеска ќе биде одржана правата Парада на гордоста во Црна Гора.

Во градот осамнаа некролози со имињата на претседателот на ЛГБТ Форумот - Прогрес, Здравко Цимбаљевиќ, кој е организатор на геј парадата.

Црногорската Влада го осуди објавувањето на некролозите и нагласи дека Црна Гора има демократски капацитети да ги штити човековите права на секој граѓанин без оглед на разликите.

Цимбаљевиќ претходно истакна дека Парадата на гордоста во Будва ќе биде показател колку црногорското општество е во состојба да ги прифати и негува различностите. 

ФОТО: Нетпресс