Над 60 мртви вклучувајќи деца и бебе при потонување на брод во Индонезија
Брод полн со азиланти потона на пат кон Австралија на пат островот Јава во Инденезија при што во несреќата починале 60 лица. Меѓу починатите имало неколку деца и бебе. Бродот во кој што имало 170 азиланти почнал да тоне откако едниот мотор започнал да чади и набргу по неговото тргнување во истиот почнала да влегува вода. Акцијата за спасување е во тек и е во координација со индонезиските власти.
Австралиската служба за поморска безбедност потврдила за француската новинска агенција АФП дека акцијата за спасување е во тек, во координација со индонезиските власти.
Најмалку 18 лица, вклучувајќи неколку деца и бебе, се верува дека се починати, а десетици се водат како исчезнати откако едниот мотор на бродот започнал да чади и почнала да навлегува вода кратко после тргнувањето на бродот.