Аца Лукас летово ќе ужива на охридските плажи
Летово српската атракција Аца Лукас ќе го потроши на некоја од охридските плажи.
По својот концерт во Охрид, закажан на втори август на Билјанини Извори Лукас ќе се одмара во Охрид, град кој тој го сместува во своите топ пет дестинации.
- „Независно што летово имам закажани настани скоро секој ден, сепак ќе искористам неколку дена за да одморам со најблиските во една од моите топ 5 дестинации - градот Охрид’’, вели Аца Лукас во телефонскиот разговор со организаторот на настанот.
Мало потсетување за влезниците за концертот на Лукас. Цената на стандард билетите изнесува 300 денари. За овој концерт се предвидени и 500 фан пит и 1000 билети за трибина по цена од 500 денари, како и 500 вип влезници по цена од 1000 денари. Картите може да се најдат на следниве места: Југотон, Камарад во Рамстор, Цвеќара РОЗЕ Веро 2, Мк Тикетс и продажните салони на ОНЕ низ Македонија.
ФОТО: Хитпортал