Токсични банани го дигнаа Солун на нозе

Голема вознемиреност меѓу граѓаните на Солун предизвикаа токсични банани кои биле прксани од страна на трговците со забранети пестициди за побрзо да созреат. Тамошното јавно обвинителство издало наредба за детални прегледи, а веќе се изречени и неколку казни на повеќе продавачи на ваквите банани. 

Вакви случаи  биле регистрирани и порано, а според трговци на големо на главниот пазар за овошје и зеленчук во Солун, имало дури и посебно „место за зреење“ на бананите, каде тие биле прскани со забранети пестициди.