Со финансиска помош од САД ќе се реновира болницата „8-ми Септември"

 

Денеска амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс, заедно со директорот на Градска болница Скопје „8-ми Септември", Сашо Стојчев, ќе присуствува на церемонијата за одбележување на почетокот на проектот за реновирање на болницата, пренесе Журнал.

Проектот е финансиран од страна на Европската команда на Армијата на САД. 

Со проектот вреден 450 илјади американски долари ќе се подобри квалитетот на медицинската нега за граѓаните од цела Македонија.

ФОТО: Нетпресс

најчитано сега