Милевски: Задоволни сме од играта но не и од резултатот

По завршувањето на дуелот Вардар - Стеауа, тренерот на Вардар, Благоја Милевски, на прес- конференцијата истакна дека е задоволен од играта, но не и од резултатот. 

- Жалам што вака не игравме и во Букурешт на првиот натпревар. Во одделни делови од натпреварот бевме и подобар тим, но не ги искористивме своите шанси. Стеауа покажа дека е голема екипа кога повторно ги казни нашите грешки и постигна голови, рече Милевски.

Тренерот на гостите Лаурентиу Регекамп, изјави дека е среќен што победиле. - Тоа беше нашата цел кога сигнавме во Скопје. Вардар одигра добро и квалитетно, можеби и не заслужи пораз. Наша цел сега е да го минеме следниот ривал и секако да се пласираме во групите од Лигата на шампионите, нагласи Регекамп. 

ФОТО: Утрински