Делегати на ЦО на СДСМ директно го нападнале Црвенковски- еве што се случувало
Најголем дел од делегатите на вчерашниот Централен Одбор во СДСМ па и самиот Црвенковски биле шокирани кога прв пат дел од членовите јавно искажале уверување дека лидерот со најдолг стаж треба да си оди, дознава Пресс24 од извори на Бихаќка.
Вистинска штама настанала откако еден од делегатите од внатрешноста кои се јавиле за збор го потсетил Црвенковски на неговата изјава од пред еден ипол месец кога им порача на членовите дека или ќе го згазат Груевски на локалните избори или тој ќе ги згази нив. Сега делегатот му порачал на лидерот дека тие ќе го згазат него.
По оваа дискусија се јавил уште еден од членовите на ЦО и преку вицот за орелот и полжавот кои истовремено стигнале на целта, едниот со летање а другиот со лигавење, им порачал на останатите присутни дека се лигават и никој не станува да каже дека Црвенковски треба да си оди.
Вакви дискусии му претходеле на конечниот збор на лидерот кој дефинитивно порачал дека не бара нов мандат и си заминува од опозициската СДСМ.
С.А.