Украинец во Британија му судат за убиство на муслиман

 

Дваесет и петгодишниот украински судент Павло Лопшин денеска е обвинет во Велика Британија за убиство на стар муслиман во Бирмингем, дело кое што се третира како терористички акт. Момчето кое потекнува од Дњепропетовск е обвинет за убиството на 82 годишниот британски муслиман Мохамед Салем. Тој убиството го извршил на 29 април годинава додека старецот се враќал од молитва од една џамија во Бирмингем. Лопшин се товари за уште едно кривично дело кое што Обвинителството го квалификувало како акт на тероризам. 

Имено Лопшин набавувал батерии мали контејнери и стари часовници за изработка на експлозивни направи во периодот меѓу крајот на април и средината на јули годинава.

Во овој период тој посетувал локации во Бирмингем и во реонот на англискиот Западен Мидлендс, за да најде цели каде би извршил бомбашки напади.

Во текот на истрагата, полицијата открила дека од својот компјутер, Павло Лопшин, на интернет трагал по хемиски сусптанци, опрема и стари мобилни телефони, што би му послужиле за изработка на бомби за планираните напади.

најчитано сега