Дел од општина Центар утре без вода

 

Дел од жителите од општина Центар, лоцирани на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Аминта Трети“ утре од 8 часот ќе бидат без вода.

РЦУК Скопје информира дека прекинот е поради отстранување дефект на противпожарен хидрант на крстосницата меѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „ Аминта Трети“. Прекинот ќе трае се до завршување на интервенцијата.

 
 
01.06.2016 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа