Ѓоковиќ на македонски готвачи им остави бакшиш од 1000 евра

 

Новак Ѓоковиќ по седумдневен одмор во Хрватска ја посетил и Црна Гора каде заедно со Марк Стилитано, го посетиле ресторанот "Асторија" во Будва каде работат седуммина Македонци. Двајца од нив се главни готвачи, едниот е од Кочани, а другиот од Куманово.

Откако завршил со вкусната вечера, Ѓоковиќ ги прашал готвачите од каде се, па кога слушнал дека се од Македонија, на вкупната сметка која чинела 7.000 евра тој оставил 1.000 евра плус за куварите кои ја спремиле вечерата.

Исто така, познатиот тенисер изјавил дека Македонија е прекрасна земја.

 

најчитано сега