Македонија меѓу осумте најдобри на ЕП во Струмица

 

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години со победата остварена вчеравечер над Финска со 68:62 (14:14;14:13;11:9 и 19:26) го освои второто место во групата А и во следната фаза од ЕП – Б дивизија ќе разигрува за пласман од 1-8.место.

Во решавачкиот дуел од групата А избраниците на Мирза Куртовиќ ја постигнаа втората победа што беше доволно за освојување на втората позиција зад Полска.

Ист број победи и порази (2-2) имаше и Унгарија, но поради победата во 1.коло Македонија е подобропласирана.

Андреј Магдевски со 23 поени и Кристијан Николов со 16 поени беа најефикасни во нашиот табор.

Во првиот натпревар од групата А Полска ја победи Данска со 74:64.

Полска го освои првото место во групата со 8 бодови, Македонија и Унгарија освоија по 6, а Данска и Финска по 5.

Во следната фаза противници на Македонија ќе бидат селекциите на Естонија и на Холандија , кои се пласираа на првите две места во Б групата. Заедно со Полска и со Македонија овие две селекции ќе ја формираат групата Е, додека во Ф групата ќе играат: двете првопласирани селекции од групата Ц (Израел, Шведска) и од групата Д (Црна Гора и Белгија).

Македонија на утре за противник ја има Естонија, а на 25 јули (четврток) противник ќе и биде  Холандија.

Денеска на Европското првенство е слободен ден. 

ФОТО: Нетпрес