Денеска сите во Градскиот Парк во Скопје

Во Градскиот парк во Скопје на т.н. место „Школка“ денеска ќе се одржи голем Еко хепенинг под мотото „Играј, пеј и рециклирај е-отпад“. Настанот е организиран од страна на Центарот за климатски промени во соработка со Елколект ДОО Скопје.

„Играј, пеј и рециклирај Е-отпад“, е еко хепенинг кој се реализира по повод завршување на проектот „Е-отпад создава можност“, кој е финансиран од Американската амбасада во Скопје.

Во проектот беа вклучени 15 училишта од цела Македонија, а главната цел беше подигнување на јавната свест за правилно постапување со електричниот и електронскиот отпад (Е-отпад). Преку проектот за сите училишта беа обезбедени еко-контејнери за собирање на Е-отпад. Исто така, беа организирани повеќе активности за учениците од прво до деветто одделение како што се: одржување на едукативни презентации, креативни работилници, истражувања и квиз на знаење на тема Е-отпад. Воедно, со започнувањето на проектот започна и натпревар во собирање на Е-отпад, чиишто награди за прво, второ и трето место за најголема соберена количина електричен и електронски отпад ќе се додели на самиот настан.

Организаторите најавуваат дека настанот ќе изобилува со богата музичка и едукативна програма подготвена од самите ученици од основните училишта кои беа вклучени во проектот „Е-отпад создава можности“. 

 
 
29.05.2016 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега