Ново осветлување во тунелите на автопатот на Коридорот 10

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов денеска изврши увид во работата за осветлување на тунелот на потегот од Велес кон Катланово, во рамки на проектот за осветлување тунели и клучки на автопатот на Коридорот 10.

Претходно, информираше министерот Мисајловски, беше извршено комплетно осветлување на тунелот од Катланово кон Велес.

- Осветлувањето на тунелите ќе се биде со ЛЕД сијалици со што значително ќе се зголеми прегледноста на возачите, а со тоа и безбедноста во сообраќајот. Исто така ќе се изврши и осветлување пред и после тунелот на ист начин како што е осветлен и тунелот кај Катланово. По завршување на овој тунел веднаш ќе се започне со работа и на третиот на потегот Велес-Катланово и очекуваме некаде до октомври оваа година да го завршиме осветлувањето, изјави министерот Мисајловски.

Тој најави дека се  планира во исто време да се изврши и осветлување на клучката Велес - Север, потоа крстосницата Прилеп - Плетвар и крстосницата кај Крушево. Вкупната инвестиција за оваа реализација, е 17, 6 милиони денари.

Директорот на ЈПДП Стојанов потсети дека овој месец е започната и санација и поставување на сигнализација на тунелите на државните патишта.

- Преку овој проект ќе се санираат 7 тунели и тоа: кај Блаце, на патот Градско-Прилеп, на патот Битола-Прилеп, на автопатот Велес-Катланово, и трите тунели на автопатот Катланово-Велес. Вкупната вредност на овој проект е 23,4 милиони денари и се очекува до крај на година комплетно да бидат завршени, изјави Стојанов. Тој информира дека досега се осветлени 70 километри патишта.

 
 
28.05.2016 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега