Пронајден експлозив во храм кој треба да го посети Папата

 

 

Во гаражата на бразилскиот храм Национално светилиште на Госпоѓата од Апаресида, во близина на Сао Паоло, пронајден е експлозив. Предвидено е храмот да биде посетен од папа Франциско, кој од денеска е во седумдневна посета на Бразил.

Папата Франциско на аеродромот во Рио де Жанеиро беше пречекан и од претседателката Дилма Русеф. Илјадници бразилски католици, странски верници и љупобитни Бразилци го поздравија папата, кој по улиците на Рио де Жанеиро се возеше во малиот сребрен „Фиат“ со отворен прозорец.

Папата Франциско допатува во Бразил по повод Светскиот ден на младите, тоа е негово прво прекуокеанско патување откако стана поглавар на Католичката црква.

најчитано сега