„RENAULT" – официјален превозник на Мајските Оперски Вечери

Пристигнувањето на контратенорот Макс Емануел Ценчиќ со новиот ESPACE ја одбележи годинешната соработка на брендот RENAULT со Мајските Оперски Вечери. “Kомпанијата Аутомотив Груп e препознатлива по долгогодишната почит кон филмската и музичката уметност така што ни претставува голема чест оваа година да ја поддржиме најзначајната манифестација од областа на оперската уметност – Мајските Оперски Вечери.

За времетраењето на истите се погриживме да актуелните контратенори како и оперски ѕвезди пристигнуваат до саканите дестинации со комплетно новиот ESPACE чии основни карактеристики се комфорно димензионирана и флексибилна внатрешност со вградена најсовремена и врвна технологија.

Присутните гости за време на нивната посета во Македонската Опера и Балет исто така имаат можност да се уверат во диманичниот дизајн и уникатен надворешен изглед на уште еден модел на RENAULT, новиот MEGANE.“ – Симона Николовска, Односи со Јавност и Маркетинг, Аутомотив Груп.

 
 
27.05.2016 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега