Викендов второ прскање против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека вториот наврат од авионската и од терестричната дезинсекција во 2016 година, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 28.05.2016 (авионско) и на 29.05.2016 (терестрично) на подрачјето на град Скопје, односно:

  1. Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 28.05.2016 (сабота) и на 29.05.2016 (недела), во период од 05.30 до 10 часот.
  1. Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 29.05.2016 до 02.06.2016 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестичната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 
 
26.05.2016 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега