ЕВН најави исклучувања низ Скопје

Без електрична енергија утре од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Ганчо Хаџипанзов“ во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-мрежата.

Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Волково на улиците 5 и 7 во општина Ѓорче Петров.

Без електрична енергија од 9:30 до 15:00 часот ќе останат корисниците од улиците „Дринска“, „Вашингтонска“, „Нов Живот“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари, а од 11:00 до 15:00 часот и корисниците од улиците 487, 488 и „Славка Недиќ“ во општина Центар.

 
 
26.05.2016 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега