Општина Центар ги награди најдобрите воспитувачки и негувателки

Дваесет и две воспитувачки и негователки од градинките во општина Центар, денеска беа наградени како најдобри, во својата работа. Наградите им ги врачи градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој истакна дека нивната работа е исклучитечно важна бидејќи основата на карактерот и однесување се стекнува во градинките, но вели, не е доволно вреднувана во општеството.

- Општина Центар особено внимание посветува на градинките и образованието. Изградивме нова, современа градинка со сопствени стредства во Капиштец, извршивме реконструкција на градинките каде што тоа беше неопходно, а сега на ред е целосна обнова на градинката „Пепелашка“, рече Жерновски.

Тој најави дека во рамки на овој проект, кој општина Центар, го спроведува трета година по ред, од идната година ќе се наградува трудот и на целиот персонал во градинките.

 

 
 
25.05.2016 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега