Татко од Охрид во паника се јавил во полиција
Уште едно лице пријавено за исчезнато во македонската полиција. Татко од Охрид, 49-годишниот Н.Н. вчера се јавил во полициска станица и пријавил дека на 18 месецов, околу 20 часот, од нивниот дом во непознат правец се оддалечила неговата ќерка.
Се работи за 19-годишната охриѓанка Т.Н. по која интензивно се трага.
Во текот на вчерашниот ден беше пријавено и исчезнување на уште двајца малолетници. Во полицијата во Чаир, 42-годишната М.З. социјален работник во Домот „25-ти Мај“, пријавила дека на 14 месецов од Домот во непознат правец се оддалечил нивен 15 годишен штитеник. Исто така, во полицијата Аеродром, 34-годишната Т.Ѓ. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 16 годишна ќерка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа