Циклон над Македонија: Доаѓа големо невреме

Денешниот ден ќе помине во претежно сончево и тивко време.

Наоблачување очекуваме дури во текот на вечерта. Oвој четврток ќе биде ден без врнежи.

Денешната максимална вредност на температурата ќе биде помеѓу 21°С и 24°С низ котлините во северниот и западниот регион, а долж повардариото околу 26°С.

 

Но, топлото и сончево време не го очекуваме и во петок. Уште претпладне облачноста ќе доминира над нашата територија. Попладне со прогресија од запад кон исток се очекува почеток на врнежи. Новата циклонска активност ќе биде поизразена во текот на вечерта, кога локално во јужните и источните краишта се очекува појава на пороен дожд. Во овие региони се очекува локално да наврнaт и над 25 литри воден талог на метар квадратен.
Во однос на четврток, максималната температура во петок ќе биде пониска во просек за околу 6°С.

 
 
19.05.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега