12 години од трагичното загинување на припадниците на АРМ кај Вејце

 

Денеска беа одбележани 12 години од трагичното загинување на припадниците на АРМ кај Вејце.

За таа цел, полкот за специјални операции на АРМ, денеска со пригодни активности им оддаде почит на четворицата поранешни припадници на пСО кои на 28-ми април во 2001 година ги загубија животите.

Во чест на загинатите Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески, на спомен обележјето пред баталјонот за специјални намени во касарната „Илинден“ во Скопје, венци со цвеќе положија делегации на МО и ГШ на АРМ предводени од началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, семејствата на загинатите припадници на пСО, делегации од пСО, единиците на АРМ кои се лоцирани во касарната „Илинден“, МВР и други.

ФОТО:МИА

најчитано сега