Ставревски: Македонија може да биде мост за бразилските компании кон Русија

 

Владиниот тим, предводен од премиерот Никола Груевски, вчера на бизнис-форум во градот Куричиба, федерална држава Парана, Бразил, ги презентира поволностите кои Република Македонија ги нуди на странските инвеститори.

- Македонија може да биде дестинација од која бразилските компании можат со свои капацитети да ги покријат брзорастечките пазари на Русија, Турција и арапските земји, изјави Зоран Ставрески.

- На тој начин значително ќе се намалат трошоците на компаниите за транспорт, кои претставуваат значаен дел од вкупните трошоци на производите, а нема да имаат и обврска за плаќање на данок на додадена вредност и царини за инпутите во производството кои ќе ги користат за изработка на своите производи кои одат за извоз, изјави висепремиерот Ставрески.

најчитано сега