Трогателно видео на 11-годишно девојче од Јемен: Ќе се убијам ама не се мажам!

 

Нада ал Ахдал од Јемен која има само 11 години сними трогателно видео во кое вели дека попрво би се самоубила отколку да се мажи на оваа возраст.

Таа вели дека нејзината мајка сакала да ја омажи иако има само 11 години, но дека таа побегнала и е среќна што нејзиниот чичко и помогнал да се спаси од пеколот кој ќе требала да го преживее.

Таа додава дека е време да се спасат и другите девојчиња чии соништа се убиваат кога ги мажат за постари лица.

најчитано сега