Подобрена здравствената состојба на Мандела
Здраствената состојба на Нелсон Мандела континуирано се подобрува, стои во соопштението од Владата на Јужна Африка.
Претседателот Џејкоб Зума го посети 95-годишниот Мандела во болницата во Преторија.
Мандела веќе седум недели е во болница поради белодробна инфекција. Иако сега неговата состојба е подобра, таа и понатаму останува критична.