Центар, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров утре ќе бидат без струја

Утре во периодот од 08.00 до 16.00 часот без струја ќе останат корисниците од населба Маџари, како и објектите на МЗТ Агрома и Агросервис во општина Гази Баба. во периодот од 08.30 до 11.00 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците од ул. 1838 во населбата Пинтија во Кислеа Вода. Во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од улиците: Велешка, Охридска, Раде Јовчевски Корчагин, Преспанска и Анте Хаџи Митков нема да можат да се приклучат на струја. Без струја од 08:30 до 15:30 ќе бидат и дел оид жителите на Карпош односно корисниците од  Франц Прешерн. Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул.31 во населбата Волково од општина Ѓорче Петров исто така ќе бидат без струја додека со истиот проблем ќе бидат и корисниците од село Бразда во општина Чучер Сандево во периодот од 12.00 до 15.30 часот.

 

најчитано сега