ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Нека не ве радува сонцето - еве што не чека

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од  18 до 24 степени. УВ=7

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура до четири, а дневната до 22 степена.

И во четврток времето ќе биде сончево и потопло, со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во петок попладне и во сабота под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд и појава на грмежи. Ноќта меѓу петок и сабота се очекува врнежите да бидат пообилни, особено во западните и јужните делови.

 
 
18.05.2016 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега