ФОТО: Груевски со соработниците во скопски ресторан

На изненадување на присутните, вчеравечер Никола Груевски беше забележан со своите пријатели и колеги во опуштена атмосфера. Како што пишува Вистина.мк, околу 23.30 часот по завршување на работните обврски Груевски им се приклучил на пријателите кои кратко претходно биле во кубанскиот ресторан, каде била и кошаркарската мега ѕвезда Лестер Бо Мекејлеб кој е во Скопје поради преговорите со МЗТ.

Тие биле забележани и на отварањето на летната дискотека XL.

-Она што беше забележително е постојаното инсистирање на гостите или минувачите кои сакаа да се фотографираат со Груевски. Тој со насмевка позитивно одговараше на барањата за фотографирање. Многу млади луѓе приоѓаа да се запознаат и да разговараат со Груевски кој го привлече вниманието на присутните, пишува порталот Вистина.мк.

 
 
14.05.2016 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега