Од понеделник нов температурен шок: Што не чека денеска?

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен западен и југозападен ветер, повторно поизразен во западните делови, особено на  повисоките места и планините, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/ч. Попладне ќе има  локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во северните делови.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната температура ќе се движи од 20 до 29 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Од понеделник правецот на ветерот ќе се промени во северен и температурите ќе опаднат, па во вторник се очекува да се движат од 15 до 22 степена.

 

 
 
14.05.2016 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега