Грчкото лоби во обид да ја минира посетата на претседателот Иванов во Канада

 

фото: Dailynews

Текстот со наслов „Претседателот на Македонија ја посети Канада, никој не го забележа“ кој вчера беше објавен од канадскиот National Post по се изгледа воопшто не е случаен. 

Новинарот Тристин Хупер кој е автор на овој натпис, според извори на Пресс24 е човек кој е во исклучително блиски односи со претседателот на Советот на грчката заедница во Отава  и дистриктите, Џим Реклитис кој има блиски релации со грчките новинари.

Дека се работи за тенденциозен напис по нарачка на влијателното грчко лоби, а на сметка на претседателот Иванов и македонските државни интереси, сведочат и статиите објавени во низа канадски медиуми, кои коректно известуваа за активностите на македонскиот претседател во Торонто и Отава,  и ги демантираат тезите  дека посетата на Иванов поминала ниту видена, ниту чуена.

Daily News пишува за предавањето кое го одржа Иванов на универзитетот МекМастер и меморандумот за разбирање потпишан помеѓу канадскиот универзитет и Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

 Дел од порталите известија и за гала вечерта која се одржа по повод 50 годишнината од првата македонска црква, каде добредојде на Иванов му посака и премиерот на Онтарио, Кејтлин Вин. Понатаму, се пишува и за средбите со претседателите на двата дома на канадскиот парламент, а исклучително влијателни во канадската политика.  Забележани со фото од канадската јавност беа и 130 тома македонска книжевност, подарени на универзитетот Карлитон.

Вчерашниот текст беше пренесен и од дел од македонските медиуми што беше уште еден успех за силната грчка лоби група.

 С.А.

најчитано сега