ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници

 

Непринципиелното и неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои учествуваат во вандалските протести на СДСМ и Сорос продолжува со несмален интензитет, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

За овие медиуми воопшто не беа важни вестите за неповратните грантови од по 12.000 евра што ќе ги обезбеди државата за отворање на приватни домови за стари лица, но затоа на тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа посветени 5.926 секунди од централните вести и дебатните емисии на ТВ Телма во еден програмски појас, 4.319 секунди во истиот блок на ТВ 24 Вести.

Минатиот месец СДСМ доби 172.383 секунди или речиси 50 часа во само еден програмски појас за својата пропаганда од фабриките за афери. Во текот на целиот месец оваа бројка неколкукратно се зголемува.

Од почетокот на мај на СДСМ му се отстапени 84.137 секунди во истиот програмски појас за ширење на своите лаги и манипулации на овие две телевизии.

Мегафоните на СДСМ како Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила кои ги шират фабрикациите на Чауш, Заев, Спасовски и останатите портпароли на Фабриката за Афери на СДСМ, вчера како и секој ден беа преполни со стотици текстови со безочни лаги од СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.

Вакво е „избалансираното новинарство“ кое го посакува СДСМ. За СДСМ се најдобри новинарите и медиумите кои не известуваат за новите проекти и мерки кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, а истовремено ги поддржуваат хулиганските насилни протести на СДСМ во кои се напаѓа полицијата, се уништува државен имот и се вандализираат споменици.

 

СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници меѓу медиумите. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола.

 
 
13.05.2016 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега