Младите луѓе имаат идеи и треба да добијат шанса да ги реализираат - заврши натпреварот во бизнис студија на случај 2016

Тимот на Бритиш-Американ тобако е победник на натпреварот во бизнис студија на случај 2016 кој го организираше ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент

Наградата за победничкиот тим е учество на еден од изборните МБА курсеви во ИЕДЦ Бледската школа за менаџмент во вредност од 9.000 Евра. Победниците ќе ги измерат силите против победничките тимови од другите држави во Глобалниот натпревар на ИЕДЦ за студии на случај (Хрватска, Словенија, Србија, Молдавија, Бугарија и Романија).

Наградата ја додели г-а Мира Лесјак, заменик амбасадор и економски советник во Амбасадата на Република Словенија, која на сите учесници им посака многу успех во понатамошната работа и ја поздрави оваа иницијатива, која се случува четврта година по ред.

Претседател на жирито за доделување на наградата беше Д-р Ненад Филиповиќ, реномираниот професор по менаџмент и бизнис етика, како и проектен и академски директор на МБА студиите во рамките на ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент.

Професорот Филиповиќ истакна: „Се работи за млади менаџери кои покажаа одлични резултати и напорно работеа за време на дводневниот натпревар во бизнис студија на случај. Младите луѓе во целиот регион знаат дека е потребно постојано да учат, имаат идеи и треба да добијат шанса да ги реализираат“.

 

На натпреварот учествуваа и тимови кои ги претставуваа компаниите НЛБ Тутунска банка, Бритиш Американ Тобако, Бионика Фармацеутикалс, ИТ ГМА, како и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

 
 
13.05.2016 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега