Ахмети: Избори на 5 јуни не треба да има - бараме начин да го свикаме Собранието

 

Во консултација со домашни и странски експерти бараме начин како да го свикаме Собранието повторно. Лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл вели дека избори на 5 јуни не се добри за земјата.

- Со Хајндл разговаравме за политичката криза, како и за скопскиот договор. ДУИ ги претстави своите ставови за решавање на политичката криза. Во однос на изборите на 5 јуни сметаме дека не би било добро да се одржат, поради имиџот на нашата земја. Бараме начини како може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ние ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и странство како Собранието повторно да се стави во функција. Кога ќе проработи Собранието, ќе се отворат многу други прашања - изјави Ахмети.

Ахмети не сакаше да открие на кој начин би можело Собранието повторно да се свика и дали тоа ќе го направи тоа преку Уставен суд. Тој одговори дека се уште го барат патот како тоа да се стори.

Лидерот на ДУИ рече дека за оваа негова иницијатива разговарал со сите политички субјекти во државата.

По средбата со Ахмети, во германската амбасада пристигна и лидерот на ДПА Мендух Тачи.

По него на ред е Аиво Орав по што завршува дводневната посета на Хајндл во Македонија.

 

За средба со Претседателот Иванов нема информација.

 
 
13.05.2016 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега