Во Делчево одбележан Меѓународниот ден на медицинските сестри

Здружението на медицински сестри и техничари за најхумана медицинска сестра годинава во Делчево ја прогласи Данка Величковска, која 30 години работи во Здравствен дом Делчево, а годинава во одделот за превенција и вакцинација.

Четириесеттина медицински сестри денеска во Делчево по повод 12 мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри, имаа работен состанок на кој се говореше за улогата и значењето на средномедицинскиот персонал во здравствениот систем, потенцирајќи го значењето на овој ден кој се одбележува под мотото „Медицинските сестри сила на промени и можат да придонесат за подобрување за флексибилноста на здравствениот систем“.

Претседателката на Здружението во Делчево, Сузана Панова, ја потенцираше етичката, моралната и хуманата улога на медицинските сестри и техничари.

- Како членови на најголемата група здравствени работници и присуство во сите средини, медицинските сестри можат да направат големо влијание во флексибилноста на здрвствениот систем. Мора да работат заедно во градењето на силните здравствени системи и обезбедувањето квалитетни здравствени услуги на сите луѓе, водејќи се од етичката и моралната норма. Медицинските сестри треба да продолжат да обезбедуваат здравстена нега со флексибилнсот и подвижност, дури и кога има мали или никакви средства или организциона поддршка. Секогаш ќе бидат спремни да обебзедат квалитет во здравстевната нега дури и во тешки времиња, рече Панова.

Меѓународниот ден на медицинските сестри се одбележува во знак на сеќавање на датумот на раѓањето на познатата англиска медицинска сестра Флоренс Најтингел, која ја поставила основата на денешната професија медицинска сестра со основањето на нејзиното училиште за медицински сестри во болницата Сент Томас во Лондон, првото световно училиште за медицински сестри во светот.

 
 
12.05.2016 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега