Агенција за храна и ветеринарство: Николовски ја потврдува својата некомпетентност и деструктивност

Агенцијата за храна и ветеринарство реагира на непрофесионалното работење на Љупчо Николовски од СДСМ и ги демантира неговите лаги и манипулации.

Во продолжение следува интегрален текст од нивната реакција: 

Агенцијата за храна и ветеринарство во целост ги отфрла обвинувањата, по кој знае кој пат во јавноста изнесени од дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој од ден во ден, со изјавите само ја потврдува својата некомпетентност и деструктивност, пласирајќи во јавноста лаги, слична на неодамнешната за резултатот за зголемено присуство на пестициди во увозните краставици.

И тогаш и сега, во отсуство на идеи и незнаење, но и поради нестручно и несоодветно дадените совети од неговите советници, кои немаат ниту еден ден искуство во справувањето со болеста Јазлеста кожа кај говедата ниту со други болести кај животните, Николовски, ја потврдува единствената цел – да ја искриви и лажно да ја претстави сликата за преземените мерки и за справувањето на Агенцијата за храна и ветеринарство со болеста.

На неговите обвинувања и барања на информации е веќе одговорено во секојдневните изјави на Агенцијата за храна и ветеринарство дадени во јавноста и затоа сега единствено отворено останува прашањето на капацитетот на Николовски и неговите советници за апсолвирање на податоците и информациите кои ги дава Агенцијата.

 
 
12.05.2016 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа