ФОТО: Граѓани го чистеа споменикот на АСНОМ - "Ова е сквернавење на историјата"

Со средства за чистење, група жени денеска повторно се собраа да го исчистат она што го направија хулиганите платеници на Зоран Заев и СОРОС, кои вршат брутален атак врз спомен обележјата на Македонија.

Жените го чистеа спомен обележјето на АСНОМ, кое е изградено за истакнување на силна почит кон Кирил Петрушев и Емануел Чучков, Панко Брашнаров, офицерите Тихомир Милошевски и Тодор Стојанов – Ѕвездин, Киро Глигоров и Веселинка Малинска, како секретари, Бане Андреев, Методија Андонов – Ченто и Махајло Апостолски.

-Јас ќе ставам едно цвеќе на овој споменик, кој што е на сите нас, заеднички. Темелите на нашата македонска држава се овде во АСНОМ и душата ми плаче кога гледам што се прави. Јас сум мајка, баба, имам внуци ги растам и ги шетам тука во паркот и сега кога ме прашуваат- бабо зошто е ова вака ќе ми каже некој што да им одговорам и зошто е оваа вака. Жално е, страшно е. Сите треба да бидеме заедно, Македонци и од корените наши утре да не се срамиме и од тоа што сме го правеле, пишува Курир.

-Наместо да гледаме убавини во градов, ние што гледаме?

-Ја рушат историјата наша, на нашата татковина, на нашата Македонија. Како може да има вакви шарања, ваков вандализам? Никој не им забранува да си протестираат, но ова е сквернавење на нашата историја, на нашите дедовци, на нашиот народ. Треба да се засрамат.

-Они си гледаат само лични интереси, ама кратко ќе им биде ова. Уништуваат за децата нивни да не знаат што била Македонија. Тие треба да се срамат од нивните деца и од македонскиот народ, велат жените кои самостојно и доброволно се организирале за ваква акција.

Вандализмот врз споменици на македонската историја наидува на се поголема осуда од граѓаните. Вчера група на жени ја чистеа и Порта Македонија.

 
 
12.05.2016 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега