"Ајде да гледаме Евровизија заедно" - сите на плоштадот Јадран

Во пресрет на 61. издание на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Амбасадата на Шведска во Македонија организира гледање на финалната вечер. 

Настанот „Ајде да гледаме Евровизија заедно“ е под годинашното евровизиско мото „Да се обединиме“ и ќе се одржи в сабота, под отворено небо на плоштадот „Јадран“, пред Амбасадата со почеток во 20:30 часот.

Слоганот „Да се обединиме“, како што информира Шведската амбасада во Македонија означува славење на она што ги обединува Европејците: силна верба во важноста на креативноста, културата, разновидноста и едноставно заедничката забава.

И настанот на плоштадот „Јадран“, како што се наведува, цели низ заедничка забава да се слави културата, разновидноста и креативноста. 

 
 
12.05.2016 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега