Нема да се покачат каматите за кредитите
Каматите на кредитите нема да се покачуваат. Во ова уберуваат банкарите, иако се очекуваше дека кредитите за населението и фирмите ќе скокнат, после одлуката на НБРМ да ја зголеми референтната каматна стапка.
„Повеќе размислуваме да воведеме денарски депозит со поатрактивна камата. Сеуште правиме анализи и не мислиме дека ќе ги покачиме каматите на кредитите.Од анализите ќе произлезат нашите одлуки“, изјави Коста Митровски претседател на здружение на банкари
Во јавноста се појавија стравувања дека ќе дојде до девалвација на денарот, информација која му нанела доста тежок удар на банкарскиот сектор. Граѓаните од банките повлекле 58,5 милиони евра депозити во април, според гувернерот Богов. Централната банка интервенирала со 77 милиони евра на девизниот пазар. Капитални одливи нема, парите не се извадени од Македонија, вели Богов.
„Беа повлечени 3,6 милијарди денари што е 1,6 % од вкупната депозитна маса на населението.Парите се во земјата,се чуваат под перница или во сефови за кои е зголемена побарувачката. Штетите ќе се мерат врз економскиот раст“ , изјави гувернерот Димитар Богов.
Податоците на Централната Банка покажуваат дека девизните резерви се намалиле за речиси 73 милиони евра, во април во однос на март, тие сега изнесуваат 2 милијарди и 193 милијарди евра, а зголемени се резервите на злато. Состојбите сепак се стабилизираат, по повлекувањето на депозитите од банките и зголемената побарувачка на депозити во менувачниците. Враќање на штедните влогови е регистрирано во месец мај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа