Червар се разделува од Металург

Тренерот на Металург Лино Червар откако ќе ја заврши сезоната го напушта Скопје и се враќа во Хрватска, изјавил за порталот 24 сата.

-Многу брзо се враќам во Македонија, каде што ќе продолжам со проектот Металург, но веќе најавив дека уште еден краток период ќе бидам во Скопје. Посеав семе на кое клубот може и натаму да расте и мислам дека мојата основна мисија тука е завршена, рече Червар.

-Кога дојдов во Металург забележав дека младинската школа не функционира најдобро. Репрезентацијата беше стара, тимот на Металург, исто така. Работевме на подобрување на младинската школа, но и на подигнување на квалитетот во првиот тим. И еве, минатата сезона стигнавме до четвртфиналето во ЛШ, а бевме третата најгледана екипа во Европа. За мечевите од ЛШ влезниците ги распродававме за половина час. Створивме големо ривалство со Вардар, тоа е единственото вистинско ракометно дерби на Балканот. И за крај, оваа сезона неколку играчи од младинската школа влегоа во првиот тим, додава тој.

ФОТО: Хитпортал