Анкетата покажа: Граѓаните сметаат дека целта на СДСМ е гола борба за власт

Граѓаните сметаат дека опозицијата предводена од СДСМ не се бори за слобода и демократија, туку води гола борба за власт.

Ова го покажа новата анкета на институтот „Павел Шатев“.

64 отсто од испитаните лица велат дека опозицијата води гола борба за власт и дека води класична политичка битка за приграбување на власта. Само 23,8 отсто од нив сметаат дека целта е борба за слобода и демократија.

„Заради политичките протести не може да се оправдува уништување и сквернавење на споменици“ сметаат 67,1 отсто од испитаните граѓани. Само 22,3 од нив сметаат дека „Бомбите со боја со која се фарбаат зградите и спомениците во Скопје се оправдани и се дел од шарената револуција“.

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

 

 
 
11.05.2016 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега